Бившиот дефанзивец на Ливерпул, Андре Виздам, кој во моментов ги брани боите на Дарби Каунти, бил ограбен и натепан од непознати напаѓачи.
Фудбалерот итно е оденсен во болница, каде се наоѓа во стабилна состојба.
Од сегашниот клуб ја потврдија непријатната вест и најавија нови детали за случајот.
Виздам бил нападнат во Ливерпул, кога излегувал од својот автомобил.