��

Јувентус

Јувентус

Club History

УСПЕСИ

Шампион на Италија: (35) 1905; 1925/26; 1930/31; 1931/32; 1932/33; 1933/34; 1934/35; 1949/50; 1951/52; 1957/58; 1959/60; 1960/61; 1966/67; 1971/72; 1972/73; 1974/75; 1976/77; 1977/78; 1980/81; 1981/82; 1983/84; 1985/86; 1994/95; 1996/97; 1997/98; 2001/02; 2002/03; 2011/12; 2012/13; 2013/14;2014/15; 2015/16; 2016/17, 2017/18, 2018/19

Шампион на Серија “Б”: (1) 2006/07

Осојувач на Куп на Италија: (13) 1937/38; 1941/42; 1958/59; 1959/60; 1964/65; 1978/79; 1982/83; 1989/90; 1994/95; 2014/15; 2015/16; 2016/17, 2017/18

Освојувач на Суперкуп на Италија: (8) 1995; 1997; 2002; 2003; 2012; 2013; 2015; 2018

Освојувач на КЕШ/ЛШ: (2) 1984/85; 1995/96

Освојувач на КНК: (1) 1983/84

Освојувач на Куп на УЕФА: (3) 1976/77; 1989/90; 1992/93

Освојувач на Интертото Куп: (1) 1999

Освојувач на Суперкуп на Европа: (2) 1984; 1996

Освојувач на Интерконтиненталниот Куп: (2) 1985; 1996

ИСТОРИЈА

Јувентус е oснован доцна есента во 1897 година како Спортски клуб Јувентус од членовите на училиштето Massimo D’Azeglio Lyceum во Торино. Две години подоцна е преименуван во фудбалски клуб Јувентус. За прв пат клубот учествува во италијанскиот фудбалски шампионат во 1900г. и ја освојува шампионска титула во 1905г. со традиционалните црно бели дресови.

Во 1906 година се расцепува поради желбата на некои членови на клубот да го напуштат Торино. Претседателот Алфредо Дик го напушта клубот со некои од видните играчи и го основа фудбалскиот клуб Торино. Јувентус го поминува поголем дел од времето да заздрави за време на Првата светска војна.

Сопственикот на Фијат, Едуардо Анели го купува клубот во 1923 година и прави нов стадион, нешто што значително му помага на тимот. Потоа се освојуваат пет титули поред во шампионатот под раководство на Карло Каркано, но помеѓу 1930 и 1940 тимот веќе не е надмоќен. По Втората светска војна Јувентус освојува уште две титули од Скудетото под раководство на Англичнецот Џеси Карвер.

Во 1957-58г. два нови напаѓачи потпишуваат за клубот – Џон Чарлс и Омар Сивори. Во истата сезона Јувентус е награден со Златна ѕвезда за спортни одликувања , а Омар Сивори станува првиот играч кој ја освоил титулата Играч на годината во Европа.

Ерата на Трапатони е многу успешна. Старата дама го освојува Скудетото уште 3 пати, и го прави бројот на освоени титули вкупно 20. Тоа значи само едно – Јувентус е првиот италијански тим кој успеал да ја добие втора златна ѕвезда на својот дрес.

Во 1982 година за тимот игра италијанската ѕвезда Паоло Роси, кој и донесе светска титула на Италија истата година и е избран за Играч на годината во Европа. Потоа Французинот Мишел Платини (Michel Platini), ја освојува Златната топка три години по ред 1983,1984 и 1985г., со што го прави Јувентус првиот тим, чии фудбалери ги освојуваат четирите последователни одличија за фудбалер на годината во Европа.

Прославата на голот на Платини на мечот за Европскиот куп со Ливерпул во 1985г. останува запаметен и по трагедијата „Хејзел” при која загинуваат 39 луѓе ( првенствено фанови на Јувентус). Тие загинале откако се срушила карпа на стадионот заради бунтовните фанови на Ливерпул . Случката е наречена „тажниот час во историјата на УЕФА”.

Во 1990 Јувентус се преместува во својот нов дом Stadio delle Alpi. Ерата на Марчело Липи. Липи станува менаџер на Јувентус во 1994-95г. Во следната сезона тој го води тимот до својување на Лигата на шампионите со победата над Ајакс. По победата во Лигата на шампионите кон тимот се приклучуваат играчи како Зинедин Зидан, Филипо Инзаги и Едгар Давидс.

По краткото напуштање , Липи се враќа и потпишува договори со големи имиња како Џанлуиџи Буфон, Давид Трезеге и Павел Недвед, кои му помагаат на тимот да освои две титули од италијанското Калчо во 2001-02 и 2002-03. Следната година Липи е назначен за селектор на Италия , и со тоа доаѓа крајот на едно плодно раководење во историјата на Јувентус.

Во 2004 г. Фабио Капело (Fabio Capello) станува менаџер на тимот и го води кон уште две титули од Серија А. Во мај 2006г. пет тима меѓу кои и Јувентус се замешани во скандал , кој го води тимот во Серија Б како и одземање на двете титли освоени под раководство на Капело.

Многу клучни играчи се продадени, но и покрај се тимот се враќа во Серија А, најмногу благодарение на Алесандро Дел Пиеро кој стана првиот играч на Јувентус кој одиграл цели 500 меча за тимот.

Дресовите на Јувентус се со бели и црни риги со бели шорцеви, а понекогаш и црни. На почетокот дресот бил розова кошула и црни вратоврски, додека таткото на еден од играчите не предложил еден од најубавите дресови за тоа време. Подоцна нивен играч од Англија набавува црно-бели дресови, со кои тимот е познат и до денес.

Абмлемот претрпува мали промени за време на втората половина на двадесетиот век. Сега тој представува овален штит разделен на пет бели и черни риги, во средината на штитот е името на тимот , а одоздола на златен штит е претставен црн бик. Црниот бик ја симболизира обшината Торино. Над црниот бик има златна круна симбол на културното наследство на Римската ера, а најгоре се и двете златни ѕвезди.

Низ годините Јувентус добива неколку прекори. Најпознат е Старата дама (la Vecchia Signora). Другите се “Пријателката на Италија” (la Fidanzata d’Italia), “Белите и црните “(I bianconeri) , како и „ зебрите” (le zebre) .

Јувентус е еден од најподржуваните тимови во Италија со над 11 милиони фанови, што е 28% од сите италијански фанови, а во светот има 170 милиони фанови. Јуве има фан клуб како во Италија така и вон неа, вклучувајќи ги и Канада, САД, Малта, Сан Марино, Грција, Иран, Англија, Виетнам и многу други. Јувентус има добри односи со клубови како Пијаченца, Ден Хаг и Легија Варшава. Најомразен ривал му е Торино, бидејќи во 1906 година, овој клуб е основан од бивш член на Јувентус.

Друг тим со кој Јуве има голем ривалитет е Интер, но до 2006 година тие се дваа италијански клуба кои никогаш не испадале од Серија А. Во историјата Јувентус останува еден од најпрестижните и најуспешни тимови во светот, освојувајќи вкупно 51 официјален трофеј- 40 во италијански шампионати и 11 на меѓународни првенства.

 


online casino malaysia minyak dagu mega888 apk pussy888 xe88 joker123 super 8 ways ultimate live casino malaysia live22 malaysia mega888 apk 免费电影 casino malaysia 918kiss