Корона вирусот денеска однесе нова жртва, нажалост најмлада до сега. Се работи за 21 годишниот фудбалски тренер на клубот Атлетико Портадо Алта од Малага, Франциско Гарсија.

Починатиот бил онколошки пациент и како таков бил во ризичната група кај која корона вирусот може да има фатални последици, а тестот за корона вирус на кој бил позитивен му бил направен само пред неколку дена.

Тажната вест ја објави неговиот клуб:

Гарсија е 7 смртен случај од корона во Андалузија, почина во локалната болница каде беше хоспитализиран, откако му беше дијагностициран корона вирус.