Екипата на Леванте, за кој настапува и македонскиот репрезентативец Енис Барди, која е од Валенсија, во чиј тим веќе има позитивни играчи на Ковид – 19 беше тестирана и за среќа нема инфицирани од новиот вирус.

„Можеме да објавиме дека по извршените тестови во петокот врз сите фудбалери и членови на стручниот штаб, сите резултати се негативни“, објавија од раководството на Леванте.

Ширењето на коронавирусот во Шпанија продолжува, па јасно е дека блокадата на спортските настани во оваа земја нема да биде стопирана на почетокот од месец април.