Фудбалот се враќа!
Како што е познато, заради пандемијата од коронавирус речиси сите држави ги прекинаа фудбалските првенства.
Германската Бундеслига веќе доживеа рестарт, но сеуште нема датуми за рестарт на првенствата на Англија, Италија и Шпанија, но и на трите места се работи на темата, со цел рестартирање на средбите до средината на јуни.
Единственото од топ пет првенствата, кое нема да заврши е Лига 1 на Франција, каде веќе е ставена точка и е прогласен шампион. Идентична е ситуацијата и во Белгија, Холандија, Кипар и Малта.
Во уште 13 држави веќе има дати за рестарт на мечевите, и тоа:
Естонија – 19 мај
Чешка – 23 мај
Унгарија – 23 мај
Данска – 28 мај
Полска – 29 мај
Израел – 30 мај
Србија – 30 мај
Албанија – 2 јуни
Австрија – 2 јуни
Бугарија – 5 јуни
Хрватска – 5 јуни
Романија – 5 јуни
Исланд – 13 јуни