Раководството на Барселона има многу евтина резервна опција, ако се соочи со проблеми при реализацијата на трансферот на Лаутаро Мартинес од Интер.

Според Het Nieuwsblad каталонците го држат под око крилото на Наполи, Дрис Мертенс, кој бил на седмото небо, кога дознал за интересот на Барса кон него.

Договорот на белгискиот репрезентативец истекува на крајот на сезоната и покрај информациите за негово продолжување, засега тој е на пат да стане слободен агент.

Така ако Барса дојде до неговите услуги, ќе треба само да му ја плаќа годишната плата, но не и трансфера сума, која во случајот со Мартинес ќе биде 111 милиони евра.