Во последната сезона едно момче од Канада влезе во објективите на некои тимови од Премиерлигата. Станува збор за 20-годишниот Џонатан Дејвид од белгиски Гент.

Тој е физички силен и има добро чувство за гол. Од 2018 година до сега одигра 60 меча и постигна 30 гола за Гент. Веќе го следат лондонските гиганти Челси, Тотенхем и Арсенал, а некои веќе во него гледаат играч подобар и од ѕвездата на Арсенал Пијер-Емерик Обамејанг.

Џонатан е роден во Бруклин, Њу Јорк, во семејство на емигранти од Хаити, поточно Порто Пренс. На 6 години заедно со семејството заминува за Отава, Канада, каде игра во локалнитте тимови. Во 2017 година скаути од Гент го забележуваат и го носат во белгискиот тим, но сеуште не може да игра, зошто според правилото како играч вон ЕУ треба да има полни 18 години. Од дебито до сега тој е стана реализатор на Гент. За националниот тим на Канада има 12 меча и 11 гола.

Самиот Џонатан Дејвид не ја крие желбата еден ден да заигра во Премиерлигата:”Се радувам што тимот на Гент даде на еден млад играч како мене можност да се развива. Мојата желба е еден ден да заиграм во Премиерлигата, зошто таму се собрани најдобрите играчи на светот. Сакам да играм и со националниот тим на Канада на Светско првенство во 2022 година”, изјави новата млада надеж на светскиот фудбал.