Една од главните задачи на претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис ќе биде средба со сегашниот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо, каде настапува и македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас.

По неочекуваниот отказ на Карло Анчелоти, неговиот заменик Гатузо имаше тешка задача да го врати Наполи во борбата за титулата. Де Лаурентис е задоволен од работата во овој период откако палката ја превзеде Гатузо и посебно од добрата комуникација меѓу тренер, раководство и трансферната политика.

Според извори на Апенините по прекинување на вонредните мерки во Италија се очекува да му биде предложен и нов  договор на бившиот играч и тренер на Милан во Наполи.