Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го купи напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс во текот на следниот трансфер период, кој треба да биде во текот на летото, тврди Le10Sport.

Менаџерот на “црвените ѓаволи” Оле Гунар Солскијер многу го цени младиот Португалец, но тој се соочува со сериозни потешкотии во шпанскиот тим.

Мадриѓани платија за него колосални за 126 милиони евра на Бенфика, но и покрај тоа Феликс сеуште не успеа да се наметне во првиот состав.

Прашањето е дали Диего Симеоне би се разделил со Феликс по крајот на сезоната, или сеуште гаи надеж, дека младиот талент може да стане суперѕвезда.

Во Јунајтед отсекогаш носеле Португалци во својот состав и истите оставиле голем впечаток на Олд Трафорд.