Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го предупредил раководството на клубот да не продава напаѓачот Габриел Жесус на Јувентус, тврди “Калчомеркато”.

Торинците имаат големи симпатии кон фудбалерот и дури испратиле до раководството на “граѓаните” официјално известување за неговата цена.

Пеп сепак сака да го задржи Јужноамериканецот во составот и побарал од шефовите во Сите да објават дека Жесус не е на продажба.

Сезонава Бразилецот одигра 39 меча во сите натпреварувања и постигна 18 гола и забележа 9 асистенции.