Италијанскиот шампион Јувентус сака да се ослободи од трансферното разочарување Адриен Рабиот за време на летниот трансфер период, ако воопшто има таков.

Според “Калчомеркато” тренерот на Старата дама, Маурицио Сари воопшто не е задоволен од адаптацијата на Французинот и е подготовен да му даде шанса да премине во друг тим.

Рабиот пристигна во тимот на слободен трансфер, но досега не успеа да остави позитивен впечаток во гигантот од Торино.

Сеуште не е познато за каква сума од Јуве се подготвени да се разделат со него.

Раководството ќе се обиде да извади пари и од други непотребни играчи.