Федерико Бернардески и Лука Пелегрини (позајмен во Калјари) ќе бидат следните жртвени јагниња за Јувентус да доведе ново засилување. Бјанконерите ги нудат италијанските играчи за да ги добијат услугите на Аркадјуш Милик од Наполи, кој е проценет на 40 милиони евра.

Полскиот напаѓач наводно веќе се согласил на преселба во Торино, меѓутоа Наполи преферира да го продаде во некоја друга лига отколку да го засили ривалот. Првата одбиена понуда беше пари плус дефанзивецот Кристијан Ромеро (позајмен во Џенова), меѓутоа Наполи одби со надеж дека ќе стигнат понуди за Милик од Тотенхем и Атлетико Мадрид, кои исто така се заинтересирани за потписот на фудбалерот на Наполитанците.

Јувентус веќе доби засилување за следната сезона преку размена, за Артур Мело доплати 10 милиони евра и го пушти Миралем Пјаниќ во Барселона.