Дефанзивецот на Јувентус, Лука Пелегрини официјално премина во Ајнтрахт (Франкурт). 23-годишниот Италијанец ќе игра на позајмица во шампионот од последното издание на Лига Европа.

Отстапувањето на Пелегрини беше договорено покрај разговорите за трансферот на Филип Костиќ во насока на Торино. Од левиот бек се очекува да внесе повеќе стабилност во одбраната, која прими шест гола од Баерн (Минхен) во првото коло на Бундеслигата.

Пелегрини е дете на Рома, но во 2019 година беше разменет за Леонардо Спинацола, а “волците” доплатија 7,5 млн. евра. Дефанзивецот веднаш беше пратен на позамица во Каљари, а потоа помина период како позајмен и во Џенова. 

Минатата сезона Масимилијано Алегри му даде шанса на Пелегрини, кој играше на 18 меча во Серија “А”.

Лајкнете ја нашата Facebook страна ТУКА