Бившиот голман на бундестимот и на Шалке, Милан, Борусија Дортмунд и Арсенал, Јенс Леман откри, дека во средината на март се заразил од коронавирус.

“За околу 2 дена имав кашлица и малку температура. По 2 недели карантин лекарите ми рекоа дека сум здрав. Беше полесно отколку при грип. Но се разбира луѓето кои влегуваат во ризичните групи треба да бидат внимателни. Тоа помага и да се живее поздраво”, изјави 50-годишниот Леман.

Со националниот тим на Германија тој беше трет во светот и втор во Европа на соодветните натпреварувања во 2006 и 2008 година.