Македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов официјално е нов фудбалер на полскиот прволигаш Краковија.
Тој направи трансфер од Хајдук Сплит и кариерата ја продолжува во првенството на Полска.
Фудбалерот за врска потпиша договор на 3,5 години со еден од најстарите и најпознатите полски клубови.
Претходните две сезони го носеше дресот на Хајдук Сплит, а оваа одигра 11 натпревари и постигна два гола. За репрезентацијата на Македонија има четири настапи.
Лајкнете на нашата страна на Facebook ТУКА