Тренерот на Пелистер, Зоран Штерјовски, откако доби нов едногодишен договор од битолскиот прволигаш, веднаш започна да го крои костурот на новиот прволигашки тим.

Денеска во првото засилување на Пелистер беше ангажиран Ѓорѓи Танушев.

29-годишниот Струмичанец минатата сезона го носеше дресот на Академија Пандев, а Штерјовски со него имаше добра соработка во кратовски Силекс.

Танушев во досегашната кариера има настапувано за Академија Пандев, Победа, Силекс, Борец, Брегалница, Хоризонт Турново и Беласица, Слобода Ужице, БСК Борча, Пролетер и Колубара.