Искусниот тренер Шефки Арифовски ќе биде дел од стручниот штаб на ФК Беласица.

Арифовски кој е повратник во ФК Беласица, зад себе има богата фудбалска кариера како играч, но и како тренер, каде бил член на стручниот штаб во ФК Хоризонт Турново, ФК Слога Југомагнат, ФК Борча Белград, Селектор на младински селекции на Република Македонија, ФК Кожуф, ФК Академија Пандев и др.

За потсетување, Арифовски просечниот Хоризон Турново го изведе во Европа, каде покажа одличен фудбал.