Шампионот на Италија, Милан добил помалку пари од ТВ правата од последниот во Премиерлигата – Норич. Ова го покажува споредбата, направена од „Газета дело Спорт“. „Росонерите“ добиле 77,8 милиони евра, додека „Канаринците“ ја наполниле касата со 105 милиони евра.

Најмногу пари од телевизиските права во Серија „А“ за минатата сезона добил Интер €84.2 млн., следен од Јувентус со €77.9 млн., а Милан е едвај трет во таа класификафија со €77.8 млн.

Тоа докажува колку е голема разликата меѓу тимовите од Серија А и тие од Премиерлигата.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА