Челси може да продаде четири играчи, за да придобие средства за трансфери во текот на летото, соопшти football.london.

Според изданието, “сините” ќе се разделат со дефанзивците Курт Зума и Емерсон, со фудбалерот од средниот ред, Рос Баркли и со напаѓачот Миши Батшуаи. Лондончани се надеваат да заработат од продажбата 115 милиони фунти.

Се очекува дека главните желби во следниот трансфер период ќе бидат купување на напаѓач, а се споменуваат имињата на – Тимо Вернер од РБ Лајпциг и Муса Дембеле од Олимпик Лион.

Моментално главен напаѓач на тимот во моментов е Тами Абрахам, кој е еден од љубимците на Лампард и со добрите игри сезнава дури доби повик за репрезентацијата на Англија.