Претседателот на УЕФА Александар Чеферин ја искоментира ситуацијата во Премиерлигата. 

Како што е познато сите првенства се запрени заради пандемијата од коронавирус и не е познато кога ќе бидат продолжени. 

“Не гледам како ќе го оставиме Ливерпул без титула. Ако Премиерлигата продолжи, “мерсесајците” речиси сигурно ќе триумфираат со титулата во раце. Теоретски тие не се шампиони уште, но практично се е јасно.”

“Ако првенството не продолжи, ќе најдеме начин да ги официјализираме финалните резултати и да ги определиме шампионите. Не гледам сценарио, во кое Ливерпул нема да ја подигне титулата.”