Според “Дејли експрес” новата аргентинска ѕвезда во најава, Тиаго Алмада наскоро ќе ја напушти Аргентина.

19-годишниот Алмада, кој игра како офанзивен играч за врска и како крило во Велез Сарсфилд, е споредуван со Лео Меси.

Четири тима веќе ја следат ситуацијата околу младата надеж. Тоа се Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Милан.

До сега младиот играч за две сезони има 46 меча и 7 гола за аргентинскиот клуб, а откупната цена му е околу 25 милиони евра.