Реал Мадрид славеше со 2:1 над Реал Сосиедад и направи важен чекор кон шампионската титула во Шпанија.

“Кралевите” собраа 65 бодови, колку што има и Барселона. Реал има подобри показатели од меѓусебните дуели и ги симна “каталонците” од првото место.

Стрелци за гостите беа Серхио Рамос од пенал (50) и Карим Бензема (71). Голот за домакините го постигна Микел Мерино (83).

Треба да се отбележи дека на два пати решенијата на судиите беа во корист на Реал.

Прво Сосиедад успеа да израмни, но голот на Јанузај беше поништен поради офсајд, а потоа системот ВАР потврди гол на Карим Бензема. Домакините бараа игра со рака на Бензема, но таква не беше досудена.