Целите на фудбалската игра во одбрана се:
- по изгубена топка брзо да се спречи противничка шанса за гол
- да се оневозможи играта на противникот (да се опструира)
- да се врати топката што е можно побрзо во свој посед
- да се спречи долго и длабинско додавање, контра и полуконтра на противникот
- да се одржи одбрамбениот притисок спрема топката (индивидуално, групно, колективноrupno)
- да се намали просторот во сите линии, за да се намали просторот на противникот за делување
- стрикно да се покрива играчот во близина на топката, а зонски на одалеченост од топката
- да се натера противникот да игра во ширина и наназад, да го натераме на грешка и д ја успориме неговата игра
- да се направи вишок играч во одбрана со дуплирање, зонско делување на одредени линии или екипата во целина
- повлекување кога не е восоставена оргнизација на игра во одбрана
- да се спречи противникот да асистира на напаѓачите, со блокирање на просторот за проток на топката
- да се блокираат или да се отежнуваат ударите кон гол
- Цели на играчите во фаза на напад се:
- одземање топк од противникот, по можност на неговата половина или на средината на теренот
- брзо креирање на шанса за гол
- постигнување на гол
- брзо одигрување на долга топка
- плански да се држи топката во посед
- брзо отворање на играчите во освојување на простор во должина и ширина
- при отворање да се излезе од видното поле на противникот
- плански да се направи слободен простор заа соиграчот, кој доаѓа од втор план
- да се мисли секогаш на одигрување во должина, а да се одигра само кога тоа е можно
- да се направи вишок играч во напад
- да се одложи нападот ако забележиме дека имаме помалку играчи во завршница
- нападот да се насочува по крила, користејќи 5-6 додавања
- пред да се шутне на гол, да се види распоредот на играчи, посебно голманот, да се креираат што повеќе шанси за гол, и да се постигнат што повеќе голови.