Ерлинг Бро Халанд нема проблеми со головите и со противничките голмани, но имаше мака со обезбедувањето во еден ноќен локал во родната Норвешка.
Новата голема ѕвезда на светскиот фудбал излезе од локалот и потоа не му беше дозволено да се врати, па дури и се обиде да се пресмета со обезбедувањето на ноќниот клуб.
За среќа реагираа неговите пријатели и спречија физичка пресметка.