Минатата недела „Форбс“ објави дека фудбалот веќе го има првиот милијардер – Кристијано Роналдо. Но никој не очекуваше дека царувањето на Португалецот во таа категорија ќе биде толку кратко.

Францускиот финансиски сајт Blogfinancefr покажа дека најбогатиот фудбалер во светот не е ниту CR7, ниту Меси. Тие дури изостануваат далеку зад него по богатство.

Зад неговото име нема ниту една изиграна минута за тимот од англиската Премиерлига „Лестер“.

Станува збор за Фаик Болкија, роднина на султанот на Брунеј, Хасанал Болкија. Фаик не е во составот на Брендон Роџерс, но поседува 20 милијарди долари. Едноставно е роден под среќна ѕвезда.

Погледнете ги топ 10-те на најбогати играчи според Blogfinancefr:

1. Фаик Болкија 20 милијарди долара
2. Кристијано Роналдо 450 милиона долара
3. Лео Меси 400 милиона долара
4. Златан Ибрахимовиќ 190 милиона долара
5. Нејмар 185 милиона долара
6. Вејн Руни 160 милиона долара
7. Герет Бејл 125 милиона долара
8. Андрес Иниеста 120 милиона долара
9. Еден Азар 100 милиона долара
10. Пол Погба 85 милиона долара