Болоња го одложи вчерашниот трениг заради сомнение за заразен вработен со коронавирус, информираат италијанските медиуми.

Во соопштението на официјалниот сајт на клубот се вели дека клубот ќе биде ставен под карант, ако тестовите потврдат присуство на COVID-19.

Утре фудбалерите ќе тренираат по специјален режим, и со почитување на социјална дистанца.

“Додека излезат резултатите утре фудбалерите ќе тренираат индивидуално во различно време, без да ја користат соблекувалната и останатите заеднички простории”, се вели во соопштението на клубот.