Чудна забрана издадоа во Италија, а која се роди како резултат на пандемијата од коронавирус.

Според протоколот во Серија А, според кој ќе биде рестартирано првенството, на играчите им се забранува да разговараат со судиите за време на натпреварите.

Освен тоа, новина е што резервните играчи на тимовите ќе бидат сместени наместо на резервните клупи, на трибините.

Според информација на Il Tempo, протоколот изготвен од здравствените власти и Серија А е составен од 36 страници.

Клупските поздравувања, фотографиите пред средбите, како и ракување се строго забранети.

Разговори со судиите нема да бидат дозволени, а играчите не можат да се доближуваат до официјалните лица на дистанцја помала од 1,5 метри.