Фудбалер од Шкотска постигна гол во финалето за Купот и го прослави голот со својот дедо.
Керн Хатчисон од Единбург ги брани боите на аматерскиот Лејт Атлетик и постигна гол во еден од најважните мечеви во сезоната.
“Не остануваше многу време до крајот на мечот и јас успеав да донесам победа на својот тим. Моментот беше посебно емотивен”, искоментира Хатчисон.
“Отидов кај дедо ми, кој секогаш стоеше позади оградата и ме подржуваше. Сакав да му покажам колку многу ми значи на мене.”
Малку потоа Керн реши да го овековечи моментот и си направи тетоважа.
“Тој не можеше да поверува, кога му ја покажав. Дедо ми не е голем фан на тетоважите и беше шокиран.”