Претседателот на ФИФА Џани Инфантино излезе со официјална изјава во врска со пандемијата, која го замрзна спортот во светски рамки. Тој свика видеоконференција со членките која ќе се одржи денес. 

“Светот е исправен пред огромен здравствен предизвик и е очигледно, дека имаме голема потреба од мерки за справување со него.

ФИФА е во постојана комуникација со членките и изјавува, дека здравјето е на прво место. Затоа ФИФА одлучи по прашањата од УЕФА и КОНМЕБОЛ дека Евро 2020 и Копа Америка ќе се одложат за 2021 година.

Треба да се напомене, дека спортските и економските интереси од тие настани се од исклучителна важност. Со цел наоѓање на балансирано решение за доброто на фудбалот и зашитата на интересите на сите заинтересовани страни свикавме конференција меѓу Бирото на советот, за да ги обмислиме следните чекори колективно. На конферентнија ќе бидат предложени следните чекори:

– Одложување на Евро 2020 и Копа Америка за јуни/јули 2021 година;
– Одредување термин за следното Светско клупско првенство;
– Дискусија за промените на календарот на федерациите и други заинтересирани страни.

Во меѓувреме ФИФА ќе предложи проактивни мерки, насочени конкретно кон справувањето со коронавирусот, и тоа:

– финансиска помош од ФИФА од 10 милиони долари кон Светската здравствена организација за справување со COVID-19;
– можност за создавање на глобален фонд за фудбалска помош;
– фонд за подпомагање на сите фудбалски првенства, засегнати од кризата.

ФИФА ќе одржува постојана врска со сите членки за време на овој ужасен период. Ќе покажеме колективен дух, сила и подобра подготовеност за иднината. Тоа е целта на ФИФА”, изјави Инфантино, цитиран од Фокус.