Светската фудбалска централа (ФИФА) ќе предложи варијанти за намалување на платите на фудбалерите поради пандемијата од коронавирус, изјави претседателот – Џани Инфантино.

Многу тимови како Вердер Бремен, Борусија Менхенгладбах, Олимпик Лион и Хартс објавија дека ќе ги намалат платите на вработените заради глобалната пандемија.

“Цифрите беа превисоки, се трошеа 100 милиони евра за играч. Но тоа ќе се промени, нема да има повеќе такви трансфери. Проблемот е во тоа што клубовите, потпишале договор, а никогаш нема да ги вратат парите. Хонорарите ќе бидат намалени”, изјави Инфантино за “Марка”.

Последни информации говорат дека на глобално ниво бројката на заразените е 244 517 луѓе, починати се 10 030, а излекувани се 86 025.