Фиорентина се продава и веќе има купувач, пишува “Calciomercato”. Станува збор за арапски фонд, кој е подготовен да инвестира 350 млн. евра, за да го превземе клубот, кој Роко Комисо го купи во јуни 2019 година.

Можеби тоа е причината “виолетовиот” трансфер пазар да е во апсолутен ќорсокак – многу шпекулации, никакви конкретни факти, долго чакање за потврдување за обновување на договори.

Информацијата дека Фиорентина се продава не е нова, и пред судирите меѓу Русија и Украина имаше преговори со руски олигарх.

Сега со најголема шанса е арапски фонд, кој смета, дека сега е најдобриот момент за ваква инвестиција.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА