Сеуште не е познато кога сезоната во Премиерлигата ќе продолжи. Плановите се мечевите да стартуваат повторно на почетокот на мај, но се зависи од кризата со пандемијата од коронавирусот. 

Досега се изиграа 29 кола и убедлив лидер е тимот на Ливерпул, кој има цели 82 бода. Вториот Манчестер Сити има 57….

Авторитетното издание SKy Sports направи анкета за најдобар играч сезонава. На неа гласаа вкупно 50,000 фанови и го избраа Садио Мане за број 1. 

Сенегалецот спбра 33% од гласовите и го надмина Хендерсон, кој доби 31%. Кевин Де Брујне е на третата позиција со 20%. 

Мане постигна 14 гола и 7 асистенции во Премиерлигата од почетокот на сезоната. 

Играчи на Ливерпул ја освојуваат оваа награда во последните две години. Прво Мо Салах триумфираше во сезоната 2017/18, а Вирџил Ван Дајк беше избран за број 1 минатата сезона.