Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис подготвил нов договор за една од ѕвездите на тимот, Фабиан Руис, иако за него интерес постои од доста топ клубови од Европа. „Il Corriere del Mezzogiorno“ тврди, дека шефот на Наполи работи засилено, за да го задржи Шпанецот на „Сан Паоло“.

Вестникот тврди, дека Де Лаурентис, кој има за цел да го обврзе и тренерот Џенаро Гатузо со нов долгорочен договор ова лето, е подготвил нов тригодишен договор за Руис.

Во моментов се водат преговори за обновување на договорите и со Дрис Мертенс и Пиотр Зиелниски.

Интерес за Фабин Руис, кој има договор до летото 2023 година, има од страна на Ливерпул, Реал Мадрид и Барселона.

Трансфер на Руис ќе значеше поголема минутажа и за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, а вака на нашиот голем талент во наредната сезона му предстои голема борба за место во стартниот состав на наполитанците.