Раководството на Ливерпул ќе му предложи уникатен договор на дефанзивецот Вирџил ван Дајк, откри Football Insider. 

Договорот ќе биде со важност од 7 години, што практично значи дека 29-годишниот дефанзивец ќе ја заврши својата кариерата на “Енфилд”. 

Вредноста на договорот пак ќе биде над 50 милиони фунти, т.е. Ван Дајк ќе заработува повеќе од 200 000 фунти неделно.

Во моментот Ван Дајк заработува по 125 000 фунти неделно.