Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити е првиот избор на Наполи, за кој настапува и македонскиот бисер, Елиф Елмас, за заменик на Калиду Кулибали, бидејќи Сенегалецот ќе биде продаден, тврди шпанскиот весник „Sport“.

Според многуте информации Кулибали веројатно ќе го напушти „Сан Паоло“ ова лето, откако сериозен интерес за него пројавија гигантите Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

„Наполците“ веќе бараат соодветен заменик и се тврди дека изборот паднал на Умтити. 26-годишниот француски репрезентативец беше купен од Олимпик Лион во 2016 година за 25 милиони евра и до пред неколку месеца се сметаше дека вреди околу 50 милиони евра.

Умтити во последно време не ги оправдува очекувањеата на каталонците, страда од повреди и е во лоша форма, и има само 16 настапи за Барселона сезонава.

Манчестер Јунајтед исто го следи Умтити како алтернатива на првиот избор Кулибали, кој ќе чини над 100 милиони евра.