УЕФА, заедно со Европнската клупска асоцијација и представници на првенствата во Европа, ја разгледува можноста за промена на форматот на Лигата на шампионите ја оваагодина.

Работната група на европската фудбалска централа работи на варијанта со Финална четворка во Истанбул, со која би завршил најпрестижниот клупски турнир. По изигрувањето на преостанатите осминафиналиња има варијанта да се премине кон еден елиминациски меч во четвртфиналињата.

Ако се се развие по план и евротурнирите се изиграат во август, фудбалерите ќе добијат одмор во септември. Тоа значи дека УЕФА ќе треба да одложи мечеви од Лигата на нациите.

Во меѓувреме претседателот на УЕФА Александър Чеферин се изјасни, дека датумот 3 август, на кој треба да завршат националните првенства, не е официјален. Тој објасни, дека тоа е препорачан, а не задолжителен датум.