Европската фудбалска централа (УЕФА) може да го продолжи зададениот рок (25 мај) за представување на конкретен план за доигрувањето на сите првенства на Стариот континент.

Од УЕФА прво побараа до тој датум да добијат конкретен план за доигравање на мечевите и датум за рестартирањето, како и причини за прекин на сезоната, ако желбата на некоја лига е таква.

Најмногу заради англиската Премиерлига е можно тој рок да се продолжи. Во понеделникот беше објавено дека на Островот мечевите можат да се рестартираат дури по 1 јуни и тој датум зависи од развојот на пандемијата.

Заради тоа раководството на лигата не ветува дека ќе можат да го испочитуваат рокот на УЕФА.

Претседатело на УЕФА, Александар Чеферин има разбирање за сложената ситуација и ќе го продолжи рокот, ако тоа е неопходно.