Кошаркарскиот талент Дарајес Лиј е застрелан за време на забава во Њу Јорк. Веста за смртта на 21-годишниот спортист беше објавена од Хјустон Баптист Јуниверсити, каде Лиј бил студент.

Потоа во официјално соопштрние њујоркшката полиција потврди, дека е добиена пријава за истрели во кварталот Харлем околу 12:40 часот по ручек во понеделник. На местото на инцидентот екипата открила седум мажи и две жени со прострелни рани. Меѓу нив бил и Дарајес Лиј.

Младиот кошаркар бил однесен во болница, со крварење во областта на грдите. Малку по пристигнувањето лекарите констатирале смрт.

Од полицијата соопштија, дека е пронајдено оружјето, со кое е стрелано.

Дарајес Лиј беше најдобриот играч на кошаркарскиот тим на универзитетот минатата сезона и ја освои наградата Најдобар спортист на универзитетот. Тој имал просечно по 18,2 поени и 8,3 скока по натпревар. Во декември Лиј требаше да го заврши високото образование. Според стручњаците талентираниот спортист сигурно ќе влрзеше во драфтот на НБА во 2023 г.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА