Братот на фудбалерот на Тотенхем, Серж Орие, вчера ја прославуваше победата над Арсенал, а денеска го дочекаа трагични вести.

Неговиот помал брат Кристофер е убиен изминатата ноќ во Тулуз, Франција.

Мъка в Тотнъм. Застреляха брата на Серж Орие

Француските медиуми објавија дека непознат напаѓач го застрелал Кристофер во пет часот утрово, а жителните од околните згради веднаш повикале полиција, додека итната помош само констатирала смрт.

Неофицијално полицијата се уште трага по убиецот.

Кристофер Орие исто како и постариот брат Серж, сакаше да биде фудбалер, играѓе за неколку екипи од кои најпознат е Ленс, но не успеа да направи подобра кариера, а по фудбалот, редовно имаше проблеми со законот. Пред три години беше уапсен бидејќи ограбил проститутка.