Големата ѕвезда на перуанскиот фудбал и бивш миленик на навивачите на Њукасл, Норберто Солано е уапсен од полицијата, зошто не ги почитувал вонредните правила заради коронавирусот.

Тој бил уловен со пријатели, додека правеле забава, и покрај забраната за собири. Солано ќе добие голема парична казна, а не се исклучени и други мерки.

45-годишниот Солано играше 15 години за националниот тим на Перу, постигнувајќи 20 голови на 95 меча. За Њукасл тој одигра осум сезони во два наврати и постигна 37 гола во 230 натпревари.