Три големи клуба во Европа посакуваат во своите редови да го видат Даниеле Ругани.

Централниот дефанзивец на Јувентус е еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, но во последната сезона заработи многу повреди, а со купувањето на Матија Де Лихт, а со враќањето на капитенот Џорджо Киелини и Леонардо Бонучи конкуренцијата е многу жестока.

За 5 сезона Ругани за Јуве одигра 94 меча и постигна 6 гола во сите натпреварувања, како и 7 меча за националнит тим на Италија.

Поради коронакризата Јувентус ќе сака да го растерети буџетот, а платата која стоперот ја заработува е 3,5 милиони евра додека трансферната цена му е околу 25 милиони евра.

Арсенал, Рома и Зенит се тимовите кои сакаат да го видат во своите редови.