Водечки европски клубови ќе се борат за потписот на италијанскиот репрезентативец и член на Јувентус, Даниеле Ругани.

По пристигнувањето на Матија Де Лихт и враќањето на капитенот Џорджо Киелини, Ругани добива многу помалку минути на теренот.

Неговата трансферна цена е 25 милиони евра,а битка за неговиот потпис ќе водат Милан, Наполи, Фиорентина, Арсенал и Лестер.

Милан го бара за да оформи одлична двојка на централни дефанзивци Ромањоли – Ругани.

Двајцата всушност беа тандем во младата репрезентација на Италија пред некoлку години.