Тренингот на Наполи започна со едноминутно молчење заради предвремената разделба на тренерот Џенаро Гатузо со неговата сестра, која почина по долго боледуње на само 37 години.

Фудбалерите, предводени од капитенот Лоренцо Инсине, меѓу кои и членот на македонската репрезентација, Елиф Елмас, се наредија во крууг и и оддадоа почит на сестрата на 42-годишниот стручњак, кој ќе продолжи да ги води неаполитанците и во новата сезона.