Манчестер Јунајтед го претекнал Челси во битката за францускиот стрелец на Лион, Муса Дембеле.

Французинот одигра добра сезона во Лига 1, постигнувајки 16 гола во 27 меча во првенството за составот на некогашниот првак на Франција.Со тоа го привлече вниманието на европските гиганти, меѓу кои и двата англиски.

Според шпанското издание “Todofichajes” “црвените ѓаволи” го добиле овој натпревар со “сините” и се договориле со Лион за сума од 62 милиони фунти.

Претседателот на Лион, Жан-Мишел Олас изјави дека голгетерот не е на продажба, но бидејќи клубот нема да учествува наредната сезона во европските натреварувања, тоа веројатно ќе значи и продажба на некои од скапите ѕвезди на тимот.