Шпанските медиуми јавија за трагична вест во која две момчиња ги загубле животите.

Еден од нив бил млад фудбалер на Лас Палмас, Хорхе Санчез Вака. 

Другарите кои биле со момчињата кои починале биле тие кои повикале помош, но кога таа пристигнала веќе било доцна. 

 Младиот играч Хорхе Санчез Вака настапувал за кадетскиот тим и требало да биде промовиран во најдобрата младинска екипа на клубот бидејќи важел за талент на кого му се предвидува добра кариера. „Лас Палмас длабоко жали за смртта на нашиот кадетски фудбалер Хорхе Санчез Вака кој требаше да му се приклучи на нашиот најдобар младински тим следната сезона. Испаќаме сочувство до неговата фамилија и пријателите“, стои во соопштението на клубот.