Српскиот репрезентативец Душко Тошиќ бил нападнат на Калемегдан, каде бил со уште неколку играчи.

Тошиќ по повод немилиот настан се огласи на социјалните мрежи…

„За да спречиме шпекулации, точно е дека бевме нападнати на Калемегдан. Тоа беше поголема група хулигани вооружени со ножеви и електро-шокери. За среќа, поминавме без поголеми последици, а полицијата ги уапси напаѓачите“, напиша Тошиќ.