Македонскиот кондициски тренер Тони Богдановски не е повеќе тренер на азербејџански Сабаил.

Тони две години беше на печалба во Азербејџан, каде беше одговорен за физичката подготвеност на фудбалерите на ФК Сабаил, но по појавата на коронавирусот и прекинот на тамошното првенство Богдановски се врати во Македонија и соработката не беше обновена.

На адреса на младиот тренер веќе пристигнале неколку понуди, од домашни, но и од странски клубови.