Тренерот на Вардар, Александар Васоски честитајќи им ја титулата на своите фудбалери ја прозва и ФФМ да ја исправи својата грешка.

„Сакам да им ја честитам титулата на моите фудбалери, повеќе од заслужена! Ми беше чест и задоволство да работам со вас, ужував во секој тренинг, секој натпревар! Со просек од можеби не повеќе од 22 години не прави најмлад тим кој освоил титула, со огромен потенцијал на една генерација фудбалери кои се уште не го кажале последниот збор. Со одличен карактер свесни за психолошката тежина што го носи дресот на Вардар успеавте од себе да направите победници. Треба да сте горди на себе. Честитки до мојот стручен штаб, управа, нашата администрација, до нашиот сопственик Сергеј и секако до Комитите. Се надевам дека ФФМ ќе ја исправи грешката, сепак статистиката е само број“ – напиша Васоски на својот фејсбук профил.