Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг сеуште не знае кога Кристијано Роналдо ќе биде подготовен да игра во Премиерлигата .

“Во моментов не можам да одговорам кога ќе игра во првенството. Тој не е на нивото на останатите играчи на Манчестер Јунајтед сега, зошто пропушти многу недели. Му требаат натпревари и многу тренинзи” кажа менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Роналдо играше за Манчестер Јунајтед едно полувреме на пријателскиот натпревар против Рајо Ваљекано.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА