Дејан Тантуровски, кој минатата сезона го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров од денес е нов фудбалер на ФК Силекс.
Офанзивецот кој во досегашната кариера освен за Македонија ЃП ги носеше и дресовите на Металург и босанско Орашје треба да биде големо засилување за кратовци во пресрет на европските натпревари.
Од друга страна ова е едно од многуте заминувања од Ѓорче и се поставува прашањето што се случува во екипата предводена од Жикица Тасевски.
Тантуровски од германски трансфермаркет моментално е проценет на 200 000 евра.